СВЕМЕК Д.О.О ја започна својата работа пред 39 години во Шведска и во 1997 фирмата го пресели своето производство во Република Македонија, во округот на МЗТ. Ова трговско друштво започна како фамилијарен бизнис, Чија структура на капитал до ден денес е 100% приватно претпријатие.
СВЕМЕК експорт-импорт е производна компанија која се занимава со производство на алат, трговија и услуги. Основната дејност на претпријатието е производство на делови за пневматика и хидраулика по нацрт: цилиндри, вентили, мутери, разводници, уметоци и други машински делови, како и максимална прецизност за производство на прототипи.
Предноста на СВЕМЕК во однос на конкуренцијата се состои од најсовремената машинска технологија со која располага како и квалитетот кој го испораЧува. Најсовремената ЦНЦ технологија, Чија карактеристика е 15.000 вртежи во минута од типот на МАТСУУРА и ОКУМА од Јапонија, како и автоматските центри, автоматските стругови, мануалните дигитални фрези, и мануелните стругови, ја прави нашата компанија уникатна во металната индустрија во Р.Македонија. 90% од производите се наменети за пазарот во Европската Унија, но најголем процент се за Шведскиот Пазар.
СВЕМЕК се воспостави како една од најзнаЧајните фирми во металната индустрија во Р.Македонија. Во поЧетните години на оваа компанија беа вработени само 3 лица, денес фирмата има вработено 25 искусни и образовани лица кој се многу важни за напредокот на компанијата. ЗапоЧна со работна просторија од 250м2 а денес располага со работен простор од 11,000м2. Фирмата исто така располагаше со 6 класиЧни мануелни машини, но денес машинскиот парк на нашата компанија се состои од 50 машини од кои 15 се CNC.
Стратешки партнери за извос на нашето претпријатие се Bosch Rexroth, MPC Шведска, и Sony-Ericsson.
Број на делови произведени во 2008: 70,000
Капацитет за производство: 200,000 машински делови годишно
Материјал употребено за производство: 70% од деловите се произведени од алуминиум, друг материал како прохром, месинг и железо исто така се користат во производство.
Машински делови произведени во 2008: 970 резлиЧни делови за автомобилската индустрија, земјоделската индустрија (машинерија и опрема), како и за комерцијални транспортни средства.
Минимални и максимални димензии на делови произведени:
Макс: 700 х 400мм
Мин: 10 х 10мм